Министерството за финансии во саботата објави дека исплатило 206 милиони денари (3,34 милиони евра) субвенции на вкупно 11.803 земјоделци по повеќе основи. За мерката произведено и продадено грозје во винарски визби исплатени се 141 милион денари. Висината на поддршката е 2 денари по килограм. Најмногу од овие средства се исплатени во Кавадарци или 67 милиони денари и во Неготино со 51 милион денари. За подигање на нови површини со лозови насади и одржување на постоечки се исплаќаат 56 милиони денари во сите региони. Субвенцијата инаку изнесува 40.000 денари по хектар за одржување на постоечките лозови насади, и 140.000 денари по хектар за подигнување на нови површини со вински сорти, односно 160.000 денари по хектар за трпезни сорти.
Министерството за финансии во саботата објави дека исплатило 206 милиони денари (3,34 милиони евра) субвенции на вкупно 11.803 земјоделци по повеќе основи.
За мерката произведено и продадено грозје во винарски визби исплатени се 141 милион денари. Висината на поддршката е 2 денари по килограм. Најмногу од овие средства се исплатени во Кавадарци или 67 милиони денари и во Неготино со 51 милион денари.
За подигање на нови површини со лозови насади и одржување на постоечки се исплаќаат 56 милиони денари во сите региони.
Субвенцијата инаку изнесува 40.000 денари по хектар за одржување на постоечките лозови насади, и 140.000 денари по хектар за подигнување на нови површини со вински сорти, односно 160.000 денари по хектар за трпезни сорти.
За одгледани и заклани бројлери исплатени се 9 милиони денари субвенции. Мерката изнесува 25 денари по бројлер, а исплатата е извршена во сите региони.